Касано: Халанд ќе постигне 90 голови, но тој не е најдобриот напаѓач на Сити

Од:

Антонио Касано, поранешен напаѓач на италијанската репрезентација, Рома, Реал Мадрид, Милан, Интер…. тврди дека Ерлинг Халанд не е најдобриот напаѓач на Манчестер сити. Норвежанецот во првите шест кола постигна 10 гола во Премиер лигата и успеа да урне неколку рекорди. Сепак Касано смета дека Хулијан Алварез е многу подобра напажач од Халанд.

Алварез од почетокот на сезоната одигра 147 минути, успеа да постигне два гола.

„За мене Хулијан Алварез е многу подобар од Халанд. Халанд ќе постигне 90 гола, тој е исклучително силен, посилен од Ромелу Лукаку, но Алварез повеќе е тимски играч од Халанд. Тој е поквалитетен. Халанд не е посебен, во него го гледам Адријано од Интер, помалку е како Кристијан Виери“, изјави Касано.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Како Халанд ја претвори својата фризура во бизнис: Ластиците за коса „пламнаа“ штом се појавија во продажба

Предраг Петровиќ

Енцо Мареска – наследник на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити

А1он

Како Халанд стана најзабавниот фудбалер на Светското првенство? Не поради головите, туку поради Snapchat

Предраг Петровиќ

Халанд: Франција ќе нè победи и ќе го освои Светското првенство

А1он

Финскиот премиер го брани Кошта: Добро е да се разговара со Русија

Кој клуб има најмногу претставници на Светското првенство 2026?

А1он