„Daily Mail“: Манчестер Сити испаѓа од Премиерлига

Од:

Скандалот поврзан со долгогодишните финансиски злоупотреби на Манчестер Сити се ближи кон својот епилог, а исходот е крајно неповолен за „Граѓаните“.

Според „Daily Mail“, клубот ќе биде казнет со одземање бодови, што значи и сигурно испаѓање од Премиерлигата.

Англискиот гигант се соочува со огромна парична казна, како и со одземање бодови за тековната и за следната сезона, што би го оневозможило нивното брзо враќање во елитното друштво.

Ова речиси сигурно ќе биде најтешката казна во историјата на англискиот фудбал.

Според извори блиски до постапката, најверојатното сценарио е Манчестер Сити да добие казна во вид на одземање бодови за оваа сезона – што води до испаѓање од Премиер лигата – како и казна за следната сезона (која Сити би ја играл во Чемпионшип), со цел да се спречи нивното враќање во елитата веднаш по испаѓањето.

Според тоа, најверојатно е дека Сити ќе настапува во Чемпионшип во текот на следните две сезони.

Сепак, ова не е најлошото можно сценарио, бидејќи постоеше ризик Манчестер Сити да биде исфрлен во „Лига 2“ (League 2) – четвртото ниво во англискиот фудбалски систем, кое не се смета за професионално.

Нема сомнеж дека ова ќе има далекусежни последици за фудбалот воопшто, а особено за Премиер лигата, во која Манчестер Сити беше најуспешниот тим во последните 15 години.

Се очекува официјална одлука, но извештаите од релевантни медиуми не навестуваат ништо добро за Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

10 години забрана за настап во Европа, му се заканува на Манчестер Сити

А1он

На ​​„Граѓаните“ им се заканува одземање на титули и исфрлање од Премиер лигата

А1он

(ВИДЕО) Постигна гол, па симулираше „кинење глава“ – бараат да биде исфрлен од фудбалот

А1он

Кошмарно деби за најскапото засилување во историјата на Тотенхем – медиумите го „распнаа“

А1он

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ

Енцо Мареска – наследник на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити

А1он