Нови потреси во Премиер лигата. Овој пат станува збор за конфликт помеѓу коментаторот и поранешен англиски фудбалер – Џејми Карагер и клубот Астон Вила.
Се чини дека двете страни ќе мораат да ги расчистат недоразбирањата на суд, откако Карагер даде една контроверзна изјава.
„Астон Вила ќе покрене правна постапка против Џејми Карагер поради неприфатливи навреди упатени кон клубот и навивачите. Нема да дозволиме никој да го попречи нашиот подем во англискиот и европскиот фудбал. Претседател Насеф Савирис“ – се вели во соопштението на клубот од Бирмингем.
Објавата на клубот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што повеќето корисници застанаа на страната на поранешниот играч на Ливерпул.
Според нив, клубот претерал со реакцијата, но конечниот збор ќе го даде судот.
Over this? Are you kidding me he’s literally right lmaoooo😭 https://t.co/8vdxpMpbPc
— Killi 🧉 (@KM_243_) October 30, 2026
Џејми Карагер зборуваше за состојбата во европскиот фудбал, како и за можните трансфери и заминувања на играчи од клубовите, во емисија во која учествуваа и Гери Невил, Рој Кин и Јан Рајт.
Како еден од примерите, тој ја спомена Астон Вила.
„Не сакам да ги вознемирам навивачите на Вила. Само сакам да кажам дека во фудбалот постои хиерархија. Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Јунајтед – така го доведоа Кристијано Роналдо. Истото важи и за Ливерпул – тие ќе ги земат играчите на Ливерпул. Истото важи и за тимовите што се под Астон Вила – тие ќе им ги земат играчите и менаџерите. Затоа велам – навивачи на Вила, замолчете, по ѓаволите! Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – изјави Карагер.
