ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит

Од:

Ерлинг Халанд доживеа необична ситуација за време на одморот, кога до јахтата на која престојува се приближи брод полн со туристи кои сакаа да го поздрават и да го фотографираат.

Норвешкиот фудбалер не се повлече ниту, пак, го игнорираше вниманието што го привлече. Напротив, целата ситуација ја прифати со насмевка и хумор.

Халанд забележа дека туристичките бродови минуваат во непосредна близина на местото каде што престојува.

„Организираат туристички тури со брод. Минуваат покрај местото каде што престојувам“, објаснил Халанд.

Потоа се пошегува на своја сметка, имитирајќи туристички водич кој на патниците им ја покажува локацијата на која одмора една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот.

„Дојдете да видите каде престојува Ерлинг Халанд“, се пошегува Норвежанецот.

Сепак, дури и за фудбалер кој е навикнат постојано да биде во центарот на вниманието, ваквата сцена била нешто ново.

„Никогаш не сум видел нешто слично“, признал Халанд.

Неговата реакција брзо привлече внимание на социјалните мрежи, а многумина го пофалија начинот на кој ја прифатил необичната ситуација. Наместо да покаже незадоволство поради нарушената приватност, Халанд се пошегува со фактот дека практично станал дел од локалната туристичка атракција.

Би можело да ве интересира

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ

Халанд го промени имиџот

А1он

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон