Хал и Евертон одиграа ефикасно реми на отворањето на 19. коло од Премиер лигата

Од:

Нерешено 2:2 заврши првиот натпревар од 19.коло во англиската Премиер лига одигран синоќа во Хал меѓу истоимениот домашен тим и Евертон.

Седум натпревари ќе играа денеска. Од 16 часот почнуваат:
Свонси – Бурнемут, Саутемптон – ВБА, Манчестер Јунајтед – Мидлсброу, Лестер – Вест Хем, Челзи – Стоук и Барнли – Сандерленд.

Дербито на колото, воедно и последен премиерлигашки натпревар за 2016 година ќе се игра на „Енфилд“ каде од 18 часот и 30 минути ќе истрчаат фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити, второ и трето пласираните екипи на табелата.

На првиот ден на новата 2017 година, од 14:30 часот ќе играат Вотфорд – Тотенхем, додека дуелот Арсенал – Кристал Палас ќе започне во терминот од 17 часот.

Табела: Челзи 46 бодови, Ливерпул 40, Манчестер Сити 39, Арсенал 37, Тотенхем 36, Манчестер Јунајтед 33, Евертон 27,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска