Хакими бира меѓу три клуба

Од:

Дефанзивецот Ашраф Хакими добил понуди од Баерн (Минхен), Интер и неговиот сегашен клуб Борусија (Дортмунд), пренесува „Онда Черо“.

Мароканецот е во сопственост на Реал Мадрид, кој бара најмалку 60 милиони евра за него.

Во последните две сезони, Хакими игра на позајмица во Дортмунд, претставувајќи се многу успешно. На „Сигнал Идуна Парк“ се подготвени да преговараат за ново отстапување.

Пред извесно време, тренерот на Реал, Зинедин Зидан увери дека дефанзивецот ќе се врати на „Бернабеу“. Сепак, сегашната криза со коронавирусот ќе ги принуди „белите“ да продаваат некого за да имаат финансиски приход.

Клубот веќе има премногу фудбалери. Во моментов, Шпанците испратија уште еден десен бек во Бундеслигата – Алваро Одриосола, кој е во Баерн.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска