Гвардиола сака да биде менаџер во Манчестер Јунајтед

Од:

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола планира во иднина да стане менаџер на Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми повикувајќи се на еден на разговор на шпанскиот тренер и неговиот личен асистент.

Имено, во 2011 година за време на одигрување на натпреварот Манчестер Јунајтед – Шалке, Гвардиола бил воодушевен од атмосферата на „Олд Трафорд“ и рекол дека сака во иднина да предводи англиски тим.

Гвардиола пред три години веќе имаше разговори со управата на Манчестер, но сепак одлучи да ја прифати понудата на Баерн Минхен.

43-годишниот Шпанец во моментов е тренер на Баерн, а претходно (2008-2012) ја предводеше Барселона до три титули во Примера, две во Лигата на шампионите, по два национални и УЕФА купа, две титули Светски клупски првак и три шпански Суперкупа. Со Баерн има трофеи од Бундеслигата, националниот куп, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска