Гвардиола против Ханза ќе дебитира како тренер на Баерн

Од:

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола своето деби на клупата на Баерн Минхен ќе го има против Ханза Рошток. Раководството на баварскиот клуб договори пријателски натпревар со Ханза во Рошток на 14 јули, дуел кој би требало да биде прв на кој Баерн ќе биде предводен од Гвардиола.

Две седмици порано се очекува Шпанецот и официјално да го превземе клубот од сегашниот тренер Јуп Хејкенс.

Баерн на седум кола пред крајот на шампионатот во Бундес лигата има убедлива предност од 20 бода пред Борусија Дортмунд и се наоѓа на бод до промоција во нов шампион.

Во Лигата на шампионите против Јувентус на реванш-четврфиналниот меч во Торино, Баерн ќе брани 2:0 за влез во полуфиналето.

Пред Гвардиола се предизвиците да продолжи со ваквите успешни резултати на неговиот претходник.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска