Гвардиола призна: На Сити му треба централен дефанзивец

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека на тимот му е потребен уште еден играч за позицијата централен дефанзивец.

Во моментов „граѓаните“ имаат само тројца фудбалери на овaa позиција – Џон Стоунс, Ајмерик Лапорт и Николас Отаменди, а заменик на Венсан Компани, кој си замина по крајот на минатата сезона, се уште не е пронајден.

– Венсан беше многу важен дел од нашиот тим. Кога беше здрав, тој секогаш беше подготвен за да биде стартер. Тој влијаеше не само на нашата игра, но и на целата атмосфера во соблекувалната. Не знам дали е можно човек како него да биде заменет, но имаме неколку кандидати и сакаме да привлечеме некој од нив. Дури и да не најдеме таков играч, сепак имаме тројца доволно искусни играчи во центарот на одбраната, како и две момчиња од младинските формации, кои можат да ни помогнат, рече Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска