Гвардиола потврди, Грилиш и Фоден за казна го пропуштија мечот со Њукасл

Од:

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, потврди дека играчите на тимот Џек Гралиш и Фил Фоден го пропуштија дуелот од 18. коло од Премиер лигата против Њукасл поради дисциплински мерки.

– Посветувам многу внимание на однесувањето на фудбалерите на теренот и надвор од него. Кога границите доброто однесувањето ќе бидат преминати, тие нема да играат. Играчите мора да бидат постојано фокусирани, особено за време на божиќните празници кога кај некои од нив доаѓа до опуштање, изјави Гвардиола.

Да потсетиме, по средбата од претходното коло против Лидс, која заврши со убедлива победа на „граѓаните“ со резултат 7:0, папараците ги „уловија“ двајцата фудбалери на забавата што самите тие ја приредија.

Грилиш оваа сезона одигра 20 натпревари и постигна три гола. Фоден има 18 натпревари и шест постигнати голови. Натпреварот со Њукасл заврши со убедлива победа на Сити со резултат 4:0.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска