Тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола, изјави дека многу му е поважно играчите да созреваат и да напредуват, да станат подобри, отколку да освојува трофеи.
– Не е се во трофеите. Освојувањето е одлична работа, но тоа не е најважно. За мене најважно е играчот во еден момент да ми каже „Тренери, ми помогна да станам подобар играч“. Тоа ме прави среќен – изјави тренерот кој за четири години во Барселона, освои 14 трофеи.