Гвардиола: Наполи може да игра пресинг по целиот терен

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е категоричен дека победата над Стоук Сити со 7:2 викендов нема да има било какво влијание во тимот пред утрешниот дуел на „граѓаните“ против Наполи.

Сити утревечер на „Етихад“ го пречекува италијанскиот тим, во натпревар од групата Ф во Лигата на шампионите.

– Се разбира, ако нашите фудбалери мислат дека и со Наполи ќе биде лесно е многу глупаво. Им кажав на моите играчи колку е квалитетен нашиот следен ривал во ЛШ. Наполи може да игра висок пресинг, дури да притиска и кога топката е кај голманот. Во секој случај, се радувам што ни претстои таков меч. Ќе биде многу интересно, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити по две рунди во Лигата на шампионите има две победи, додека билансот на Наполи е половичен – една победа и еден пораз.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска