Густаво Појет доби отказ од Сандерленд

Од:

Раководството на англискиот премиер лигаш Сандерленд, му врачи отказ на тренерот Густаво Појет.

Иако 47-годишниот уругвајскиот тренер, кој во Сандерленд мина помалку од 18 месеци, во мај месец очекуваше нов двегодишен договор, сепак од сопственикот на клубот Американецот Елист Шорт заработи отказ.

Отказот на Појет следува по убедливиот пораз од Астон Вила со 4:0 во саботата, и тоа на домашен терен, во мечот од 29. коло во Премиер лигата.

– Би сакал да му заблагодарам на Густаво за неговите напори кои ги вложи во клубот, особено за минатата сезона, кога не одведе и до финалето во Купот, нешто што вечно ќе биде запаметено од секој навивач на Сандерленд, се вели во изјавата на сопственикот Шорт, објавена на официјалната веб страна на кубот.

– За жал, ние не го направивме напредок кој го очекувавме оваа сезона, напротив. Сепак останува да дадеме се од себе и да се бориме до крај. Едноставно, за мене ова е тешка одлука, но мислам дека е потребна промена, дополни Шорт.

За наследник на Појет до крајот на сезоната, е именуван поранешниот холандски селектор Дик Адвокат, кој досега нема работено во ниту една англиска екипа.

Сандерленд грчевито ќе се бори за опстанок во Премиер лигата, бидејќи по 29 одиграни натпревари се наоѓа на 17-место на табелата, само едно погоре од зоната за испаѓање. Сандерленд има 26 бодови, еден повеќе од Барнли и четири повеќе од К.П.Р., кои се конкуренти за опстанок во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска