Со хет-трикот на Паоло Гуереро репрезентацијата на Перу ноќеска во четвртфиналето на „Копа Америка“ ја победи Боливија со 3:1 и се пласира во полуфиналето од ова натпреварување. Во следната рунда ривал на 29.јуни ќе им биде домаќинот Чиле.
Гуереро головите ги постигна во 20.та минута, 23.та минута и 74.та минута, додека Марсело Мартинс Морено беше стрелец за Боливија во 84.та минута од пенал.
Вечерва се игра третиот четвртфинален дуел Аргентина – Колумбија, додека последното четвртфинале Бразил – Парагвај на програмата е утре вечер.