Гробарите и Делиите најавија пресметка со Албанците во Скопје

Од:

Навивачи на двата најголеми српски клуба, Партизан и Црвана Ѕвезда, ќе го искористат гостувањето на националниот тим во Скопје за пресметка со Албанци.

Околу 300 хулигани познати по правење инциденти ќе тргнат вечерва кон Скопје со автомобили и комби возила во сопствена режија со цел, како што велат, да се „пресметаат со скопски Албанци (Шиптари)“.

„Ќе бидеме околу 300, а ќе имаме поддршка и од локални навивачи на Ѕвезда и Партизан. Подготвуваме големо изненадување за Албанците во Скопје. Бидејќи не одиме организирано, мислам дека без проблеми ќе стасаме до Скопје“, вели еден од белградските хулигани.

Натпреварот во Скопје меѓу Македонија и Србија се игра утре во 20.30 часот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија