Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Грнчаров со неговиот клуб Ботев од Пловдив во новата сезона ќе настапува во Лига Европа на местото на ЦСКА Софија која се најде во големи финансиски проблеми.
Софискиот клуб како трето пласиран во бугарското првенство се избори за настап во овој куп, но неодамна го откажа учеството и отвори шанса за Ботев
– Се заблагодаруваме на Бугарскиот фудбалски сојуз кој ни овозможи да играме во Лига Европа. Тоа е добро и за државата која сепак ќе има четири претставника во евро-куповите. Ние сме подготвени за предизвикот нашите навивачи се радосни поради оваа вест, изјави тренерот на Ботев Станимир Стоилов.
Во 1.коло од квалификациите во Лига Европа, тимот за кој настапува Грнчаров ќе игра против Астана од Казахстан.