Францускиот репрезентативец Антоан Гризман е избран за најдобар фудбалер во Лига Европа за сезоната 2017/18.
Гризман со својот клуб Атлетико Мадрид, минатата сезона ја освои Лигата на Европа.
– Многу сум среќен и горд на наградата. Сакам да им се заблагодарам на сите што работата во Атлетико, како и на тренерот и соиграчите, изјави Гризман.
Тој не можеше да присуствува на денешната церемонија на доделување награди, бидејќи утре го очекува дуел против Селта Виго во шпанската Ла Лига.