Напаѓачот на Франција, Антоан Гризман беше задоволен од победата над Хрватска во Лигата на нации (4:2). Тој истакна дека резултатот на натпреварот го потсети на финалето на Светското првенство 2018, во кое Французите исто така ги победија Хрватите со 4:2.
– 4-2! Резултат што буди убави спомени. Напред Франција! – напиша Гризман на Инстаграм.
По две кола во Групата 3 од А дивизијата на Лигата на нации, Франција и Португалија имаат максимални шест бода, додека Хрватска исто како и Шведска се без осоен бод.