Колото број 11 во македонскиот кошаркарски шампионат кое се одигра денеска, донесе интересни мечеви и нови поместувања на табелата.
МЗТ без проблем и без двајцата најефикасни играчи Стојановски и Хиндс, го победи својот втор тим, немаа проблеми ниту Кожув и Куманово, но интересно беше на двете дербија.
Во Гостивар падна Работнички, а Еуро Никел по продолжение го победи Пелистер во дуелот на двајцата кавадаречки тренери Малинков и Самарџиев кои одлично се познаваат и соработуваа долги години. Овие победи им помогнаа на гостиварци и кавадарчани да бидат единствените два тима со по една победа помалку од лидерот МЗТ, а тие се и тимовите кои успеаја да го поразат првакот.
РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Работнички 93:79, МЗТ Уни банка – МЗТ Скопје Аеродром 80:93, Кожув – Вардар 87:65, Куманово – Академија ФМП 97:71, Пелистер – Еуро Никел 82:88.