„Гостивар“ го совлада „Кожув“ со 70:69 во најнеизвесниот натпревар на стартот од новата сезона во Првата кошаркарска лига.
Во меч со многу резултатски осцилации, гостите од Гевелија беа подобри во првите две четвртини, а во третиот период домаќините успеаа да израмнат.
Клучна за победата на кошаркарите на Гостивар беше последната четвртина, која ја почнаа со серија од шест поени и на крајот реализираа минимална победа од 70:69.
Во останатите натпревари од првото коло „Куманово“ потешко од очекуваното го совлада „Вардар“ со 85:77, а „Фени индустри“ триумфираше над екипата на „Пелистер“ со 86:68.
Актуелниот шампион „Работнички“ со убедлива победа од 44:94 против „АВ Охрид“ ја почна одбраната на титулата.