Екипите на Фиорентина и на Болоња постигнаа победи на гостински терен на двата синоќешни натпревара со кои беше комплетирано 28. коло во Италијанското фудбалско првенство.
Болоња го изненади Интер во Милано победувајќи со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Алберто Џилардињо во 57.минута.
Фиорентина го победи Лацио на неговиот „Олимпико“ во Рим со 2:0 и го помина на табелата. Сега „виолетовите“ од Фиренца се четврти, на три бода заостанување зад третопласираниот Милан.
Стеван Јоветиќ и Адем Љајиќ во првото полувреме беа стрелци на головите за Фиорентина.
Постигнати резултати на другите натпревари од овој круг во Серија А: Удинезе – Рома 1:1, Џенова – Милан 0:2, Аталанта – Пескара 2:1, Парма – Торино 4:1, Палермо – Сиена 1:2, Киево – Наполи 2:0, Каљари – Сампдорија 3:1 и Јувентус – Киево 1:0.
Табела: Јувентус 62 бодови, Наполи 53, Милан 51, Фиорентина 48, Интер 47, Лацио 47,…