Екипата на Олимпик Марсеј забележа победа со 1-0 на гостувањето кај Нант во првиот од петте натпревари кои се играат денеска во француската Лига 1.
Тимот од Марсеј до трите бодови стигна со голот на Аргентинецот, Лукас Окампосо постигнат на три минути пред крајот
Инаку ова беше третиот меч од 2.коло во Лига 1.
И во претходните два одиграни вчеравечер, победи забележаа гостинските екипи и тоа со идентични 1-2 славеа Троа кај Ница и Олимпик Лион против Рен.
Вечерва ќе се одиграат уште четири натпревари: Амиен – Анже, Бордо – Мец, Каен – Сент Етјен и Тулуз – Монпелје.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбите, Стразбур – Лил, Дижон – Монако и Гингамп – ПСЖ