Гонзалес: Во Струга шанса ќе добијат сите

Од:

Тренерот на македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, Раул Гонзалес најави дека на турнирот во Струга ќе ја искористи можноста да им даде шанса на сите ракометари, особено оние новите што сега дојдоа со цел да можат што полесно и побрзо да се вклопат во начинот на игра на „црвено-црните“.

Единствениот од засилувањата што ќе ја пропушти Струга е десното крило, Даниел Шишкарев, кој се жали на повреда и нема да игра околу еден месец. На негово место ќе биде Влатко Јовчевски.

– Во Струга ќе им дадам шанса на сите ракометари, зашто е почеток на новата сезона, и треба сите да го искористат овој период за наметнување. На новите ракометари ќе им треба малку време за да се вклопат, но и тие ќе играат, изјави Гонзалес.

На Меѓународниот турнир во Струга, Вардар ќе биде во Б-групата заедно со Металопластика и Санкт Петербург.

„Црвено-црните“ утре играат со Санкт Петербург, а в петок против Металопластика.

На традиционалниот Струшки турнир Вардар е најуспешната екипа досега со 12 трофеи.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП