Гонзалес: Се мачевме, но на крајот убедливо победивме

Од:

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалес, задоволен од новата победа (30:23), втора над ППД Загреб оваа сезона, овој пат во СЕХА лигата.

Шпанецот истакна дека и покрај проблемите, неговите играчи влегоа во посакуван ритам и со добра одбрана стигнаа до триумфот.

-Секогаш кога играме со Загреб имаме проблеми. Така беше и во лигата на шампионите. Мислам дека моите играчи се мачеа, особено во првите 15 минути. Нашата одбрана функционираше потоа како што сакавме, потоа имавме и неколку контри, и направивме добра разлика. Второто полувреме имавме исто проблеми на моменти, разликата дојде на четири голови, но повторно одигравме добро, изјаво Гонзалес.

Вардар по пет кола има максимални 15 бодови и е лидер на табелата во регионалното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски