Марио Гомез е нов играч на Фиорентина, објави „Скај Италија“. Според оваа информација „Виолетовите“ од Фиренца го договориле трансферот со Баерн Минхен на кого ќе му биде исплатено оштета од 18 милиони евра.
Годишната плата за Гомез кој со Баерн Минхен измината сезона го освои Бундес лигата и Лигата на шампионите, ќе изнесува 4,6 милиони евра.
27-годишниот германски репрезентативец за Баерн Минхен играше од 2009 година, а претходно во Бундес лигата настапуваше и за Штутгарт.