Новиот играч на Фиорентина, Марио Гомез за својот поранешен клуб вели дека во моментов е најдобар на светот.
– Измешани ми се емоциите поради тоа што го напуштам најсилниот тим на светот и не можам да ја сокријам носталгијата.
– Но, пресудно што си одам од Баерн е тоа што го сакам фудбалот и сакам да добивам поголема минутажа, едноставно сакам повеќе да играм. Фиорентина има големи амбиции, играат фантастичен фудбал и со нетрпение чекам да започне новата сезона, изјави Гомез.
За неговиот трансфер италијанскиот клуб од Фиренца плати 16 милиони евра.
27-годишниот Германец сениорската кариера ја започна во Штутгарт од каде замина за Баерн Минхен, клуб за кој во 115 одиграни натпревари постигнал 75 голови.