Очите на италијанската спортска јавност овој викенд ќе бидат вперени во вечерниот неделен термин кога ќе се сретнат гигантите на европскиот фудбал Милан и Јувентус.
Две екипи кој по големите победи во Лигата на шампионите се очекува да настапат максимално мотивирани.
Актуелниот италијански шампион по големата победа против Челси, победничкиот сјај на домашен терен ќе се обиде да го врати на уште еден голем натпревар. Во изминатите две кола во Серија А, Јуве ремизираше со Лацио, а претходно загуби од Интер.
Составот на Алегри нема време за прославување на пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Росоњерите“ на последниот првенствен меч пред своја публика загуби од Фиорентина, а претходниот викенд ремизираше на гости против Наполи.
Големита ривали на чизмата носат секогаш неизвесен и возбудлив фудбал. Минатата сезона ремизираа во Милано со резултат 1:1, а првиот натпревар во Торино заврши во полза на италијанскиот шамион со 2:0.
Распоред (13 коло) Серија А:
Сабота
Палермо – Катанија 20:45
Недела
Аталанта – Џенова 15:00
Киево – Сиена 15:00
Пескара – Рома 15:00
Сампдорија – Болоња 15:00
Торино – Фиорентина 15:00
Милан – Јувентус 20:45
Понеделник
Каљари – Наполи 19:00
Парма – Интер 21:00
Вторник
Лацио – Удинезе 20:45