Голден Стејт и Атланта продолжуваат победнички

Од:

Двете најдобри екипи во НБА шампионатот, Голден Стејт и Атланта продолжуваат со победите.

Во дербито на Источната конференција, екипата на Атланта пред својата публика го совлада Мајами со 99:86. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не настапи на овој меч. Со оваа победа екипата на Атланта го осигура првото место на Истокот.

Дуелот, пак, на двете првопласирани екипи на „Западот“ му припадна на лидерот Голден Стејт кој славеше победа кај Мемфис со 107:84. За екипата со најдобар „скор“ во НБА лигата, Голден Стејт, ова беше осма победа во низа, вкупно 59-та сезонава.

На останатите натпревари одиграни синоќа, беа постигнати овие резултати: Орландо – Детроит 97:111, Филаделфија – ЛА Клиперс 98:119, Вашингтон – Шарлот 110:107, Бруклин – Кливленд 106:98, Њујорк – Бостон 92:96, Торонто – ЛА Лејкерс 94:83, Хјустон – Минесота 120:110, Њу Орлеанс – Сакраменто 102:88, Сан Антонио – Далас 94:76, Денвер – Јута 107:91 и Феникс – Портланд 81:87.

По оваа рунда познати се половина од екипите кои осигураа пласман во плејофот: Атланта, Кливленд, Чикаго и Торонто (од Источната конференција), Голден Стејт, Мемфис, Хјустон и ЛА Клиперс (од Западната конференција).

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа