Гол на Пандев, но и пораз на Џенова

Од:

Горан Пандев постигна гол за Џенова, но неговата екипа беше поразена од Киево со 1-2.

Со голот на Пандев во 43.минута, Џенова имаше предност од 1-0 против Киево во дуелот пред своите симпатизери, но на крај гостите беа оние кои се радуваа на победата. Во вториот дел Киево направи пресврт со головите на Бастиен (60.минута) и Бирса (70), за конечни Џенова – Киево 1-2.

На останатите средби одиграни попладнево: Каљари – Пескара 1-0, Кротоне – Милан 1-1, Емполи – Сасуоло1-3, Палермо – Фиорентина 2-0 и Болоња – Удинезе 4-0.

На претходно одиграните средби беа постигнати овие резултати: Аталанта – Јувентус 2-2, Торино – Сампдорија 1-1 и Рома – Лацио 1-3.

Колото ќе биде комплетирано вечерва (20:45 часот) со дербито Интер – Наполи.

Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 59, Интер 56, Фиорентина 55

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска