Гол и асистенција на Пандев во победата на Наполи против Ливорно

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев продолжува со добрите игри во Серија А. Тој попладнево го постигна третиот сезонски гол и запиша една асистенција во убедливата победа на неговиот Наполи против Ливорно со 4:0.

Постигнати резултати на другите денешни средби од 7.коло: Парма – Сасуоло 3:1, Болоња – Верона 1:4, Катанија – Џенова 1:1, Сампдорија – Торино 2:2 и Удинезе – Каљари 2:0 (Агим Ибраими одигра 58 минути во поразениот тим).

Вчера Интер – Рома 0:3 и Киево – Аталанта 0:1.

Седмиот круг во најквалитетната италијанска фудбалска лига ќе биде комплетиран вечер со средбите Јувентус – Милан и Лацио – Фиорентина.

Табела: Рома 21 бод, Наполи 19, Јувентус 16, Интер 14, Верона 13, Фиорентина 11, Лацио 10, Удинезе 10,… зс

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска