Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го предводеше Милан до нова победа во Серија А. Тој забележа една асистенција и го постигна победничкиот гол за „росонерите“ попладнево на гостувањето кај Удинезе.
По враќањето во Милан, Ибрахимовиќ има одиграно 22 натпревара и остварено 23 поени, односно 17 голови и шест асистенции.
Милан со пет победи и еден нерешен исход е лидер на табелата во Серија А.