Главните спонзори на ФИФА поддржуваат нова истрага за корупција во „случајот Катар“

Од:

Главните спонзори на ФИФА при организирањето на светските првенства во фудбал, поддржуваат нова истрага околу сомневањата за корупција во случајот со изборот на Катар за домаќин на првенството во 2022 година.

Пет од шестте главни спонзори – „Сони“, „Адидас“, „Кока Кола“, „Виза“ и „Хјундаи“ – изразуваат загриженост поради најновите откритија за тоа дека се давани пари и е вршен поткуп на делегатите пред гласањето.

Засега, само авионската компанија „Емирати“ од Абу Даби, одбива да се изјасни околу сомнежите за нечесност при гласањето, одржано во Цирих, во декември 2010 година.

На тоа гласање малечката пустинска земја Катар, во која нема никаква фудбалска култура и каде во лето температурите се искачуваат и до 50 степени Целзиусови, ја доби организацијата, совладувајќи ги Австралија, САД, Јапонија и Јужна Кореја, кои претходно важеа за фаворите околу кои треба да се бара победникот.
Етичкиот комитет на ФИФА веќе расправаше за сомнежите за корупција и соопшти дека своите наоди ќе ги објави идниот месец по завршувањето на првенството во Бразил, што почнува за три дена.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, меѓутоа, побара повеќе време околу можноста за отворање нова истрага, објаснувајќи дека организаторите во Катар исто така ги испитуваат сите сомнежи за нечесност и за давање поткуп.

Според Блатер, ФИФА „многу сериозно“ ги сфаќа сите сомнежи за постоење корупција, но дека за конечен заклучок треба време. Заменик-претседателот на ФИФА Џим Бојс, сепак, изјави дека тој би подржал ново гласање за избор на друг домаќин, ако се докажат сите нови обвинувања за корупција.

Доколку има ново гласање, главни фаворити би биле Австралија и САД, кои изразуваат подготвеност да учествуваат во евентуален нов избор за СП за осум години.

Европските медиуми кои продолжуваат да се занимаваат со „случајот Катар“ откриваат дека катарскиот бизнисмен Мохамед Бин Хамам, околу кого се врти целата афера, пред гласањето во 2010 година се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин, со претседателот на УЕФА, Мишел Платини, а го повикал на гости во Катар и Франц Бекенбауер.

Засега реагираше само Платини, кого го посочуваат како „навивач на Катар“, кој рече дека не гледа ништо лошо во тоа што се среќевал со Бин Хамам.

До 2011 година, Катарецот беше претседател на Азиската фудбалска конфередација.

Би можело да ве интересира

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ

Човек без средно образование ја победи ФИФА: Му го украдоа изумот, на дофат 37 милиони евра отштета

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година