Најголемиот фаворит за златото на тенискиот турнир на Олимписките игри, Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне ни до бронзениот медал откако во мечот за третото место загуби од шпанскиот тенисер, Пабло Карењео Буста.
Шпанецот го доби дуелот со 2:1 по сетови (6:4, 6:7, 6:3) па на крајот се радуваше на бронзениот медал.
Во битката за олимписката титула, утре ќе се борат Зверев и Качанов.
Новак Ѓоковиќ и неговата партнерка во мешани двојки, Нина Стојановиќ се повлекоа од борбата за бронза. Причината била преголема исцрпеност и со тоа Ѓоковиќ нема можност за медал на овие Игри.