Новак Ѓоковиќ пристигна во Австралија, но не доби виза за престој во таа земја.
Владата на Викторија го одби барањето на граничните власти да го поддржат издавањето виза на најдобриот играч во светот. Се наведува дека откриле дека тимот на Новак испратил погрешен формулар за издавање на визата. Ѓоковиќ имал виза со која не може да влезе како невакциниран со медицинско ослободување. Тие ја повикаа владата на Викторија од границата да го одобри влезот на Ѓоковиќ, а тие одбија.
Тој засега не може да влезе во земјата, чека да се реши ситуацијата со формуларот.
Tennis superstar @DjokerNole is on his way to Melbourne, set to land tonight after he was granted a last-minute medical exemption to play in the @AustralianOpen. https://t.co/5zYfOfohG3 @Jacquifelgate #7NEWS pic.twitter.com/2UHAzIJw0K
— 7NEWS Melbourne (@7NewsMelbourne) January 5, 2022
Во Австралија сега е полноќ и прашање е колку Новак ќе треба да чека да се разреши оваа приказна.