Ѓоковиќ има нов проблем, шпанската полиција покрена истрага

Од:

Полицијата добила налог од Владата на Шпанија да истражи како Новак Ѓоковиќ влегол во таа држава.

Ѓоковиќ престојувал во Шпанија од 31 декември до 3 јануари.

Во тој период бил во Марбеља, од каде заминал во Дубаи, па потоа во Мелбурн.

Моментално во Шпанија може да влезат само вакцинирани државјани на Србија, и сега Шпанците мораат да истражат како Ѓоковиќ влегол во државата.

Исто така, може да се влезе со медициски исклучок, па сега Шпанците ќе истражат дали тој го имал.

Шпанските медиуми тврдат дека Новак не барал, ниту добил било каква посебна потврда, ниту дозвола од Амбасадата на Шпанија во Србија, како ни од било кој друг државен орган на таа земја.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ тајно бил примен во Ургентниот центар во Белград

ВИДЕО: Дебакл на Ѓоковиќ во Рим, декласиран од 32 тенисер во светот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами