Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Грен слемот Вимблдон, откако вечерва во драматично финале во пет сета го совлада Роџер Федерер. Швајцарецот не реализира две меч топки при водство од 8:7 во петтиот сет.
Во мечот што траеше речиси пет часа, за прв пат на Вимблдон беше применето правилото да се игра тај-брејк во петтиот сет по 12:12 во гемови.
Конечниот резултат е 3-2 за Ѓоковиќ, по сетови 7:6 (7:5), 1:6, 7:6 (7:4), 4:6, 13:12 (7:3).
Вкупниот награден фонд на Вимблдон изнесува 49,4 милиони долари.
По најдолгото финале на Вимблдон, Ѓоковиќ стигна до својот 16ти Грен слем трофеј.