Гевгелиската навивачка група „Фантоми“ под закани од локални функционери

Од:

„Сите ќе летате од работа, а тие што се невработени имаат опомена оти нивните родители ќе летаат од работа“.

Вакви закани добиле повеќето членови на гевгелиската навивачка група „Фантоми“ по поддршката на својот клубски миленик ФК „Кожуф“ од Гевгелија со присуството на неделниот натпревар, кој се одржа на теренот во село Мрзенци.

Членовите на „Фантоми“ отидоа пеш до игралиштето во Мрзенци за да ги бодрат своите фудбалски фаворити, наспроти опструкциите од локалната власт, која го даде Градскиот стадион на користење на ФК „Миравци“ за период од десет години и со полициска блокада ги избрка фудбалерите од Градскиот стадион пред две недели.

Иако во неделата стадионот во Гевгелија беше празен, гевгелиските фудбалери мораа да одиграат на игралиштето во Мрзенци како домашен терен за да ги задоволат пропозициите од Државното фудбалско првенство.

„Господа извинете, ама ние од вас не сме очекувале работа, оти ако чекаме додека нѐ вработите, ние пензионери ќе треба да одиме. Ниe сме способни сами да си најдеме работа, не сме на МАМА и ТАТО деца! И заканувајте се колку сакате, ние ФК ‘Кожуф’ не ви го даваме!“ е одговорот што гевгелиските „Фантоми“ го постирале на социјалните мрежи.
Фантомите се чувствуваат како да станале непријател број еден на локалната власт, виновни зашто го следат „Кожуф“ на неговите натпревари, а не одат на Градскиот стадион да ги гледат настапите на „Миравци“.

На неделниот натпревар повеќе од 300 миленици на „Кожуф“, публиката и навивачите „Фантоми“ акциите на своите играчи ги проследија со скандирања од типот: „Играј Кожуф за нас“, „Бурда мајсторе“, „Ристо Божинов Ооооо“, и други навивачки песни, од кои повеќето беа порака до оние што вршат опструкции на фудбалската иднина на „Кожуф“, дека немаат поддршка и од навивачите за ова што сега се случува со гевгелискиот фудбалски клуб.

Fantomi navivaci

Ова е доказ дека публиката го поддржува „Кожуф“ и ги следи неговите настапи дури и кога се принудно иселени на друг терен – со назнака домашен. За илустрација, во саботата ФК „Миравци“ настапи на Градскиот стадион во Гевгелија, но не успеа до собере повеќе од 120 фудбалски симпатизери за да го проследат натпреварот со ФК „Зајас“.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он