Фудбалската репрезентација на Австралија која наскоро ќе гостува во Скопје, беше на прагот да го совлада актуелниот светски првак Германија која синоќа избегна пораз во Кајзерслаутерн.
Германците први дојдоа во водство со погодокот на Марко Ројс во 17.минута. Џејмс Троизи во финишот на првото полувреме изедначи на 1:1, а преку Мајл Јединак „кенгурите“ поведоа во 50.минута. Конечните 2:2 ги постави Лукас Подолски со погодокот во 81.минута.
Австралија во рамките на својата европска турнеја, на 30 март на „Филип Втори“ во Скопје ќе одигра пријателски натпревар и со репрезентацијата на Македонија.