Германија го задржа максималниот ефект во Мундијалските квалификации

Од:

Репрезентацијата на Германија ја забележа и осмата победа во исто толку одиграни натпревари од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 и заедно со Швајцарија се двете селекции со максимален ефект.

Германците синоќа ја победија Норвешка со убедливи 6:0 и им треба само еден бод во последните две кола за сигурен пласман на Мундијалот во Русија.

Резултати од 8.коло:

Ц-група: Азербејџан – Сан Марино 5:1, Германија – Норвешка 6:0 и Северна Ирска – Чешка 2:0.
Табела: Германија 24 бода, Северна Ирска 19, Азербејџан 10, Чешка 9, Норвешка 7, Сан Марино 0.

Е-група: Ерменија – Данска 1:4, Црна Гора – Романија 1:0 и Полска – Казахстан 3:0.
Табела: Полска 19 бода, Данска 16, Црна Гора 16, Романија 9, Ерменија 6, Казахстан 2.

Ф-група: Англија – Словачка 2:1, Словенија – Литванија 4:0 и Шкотска – Малта 2:0.
Табела: Англија 20 бодови, Словачка 15, Словенија 14, Шкотска 14, Литванија 5, Малта 0.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он