Доколку Германија успее да ја одбрани титулата светски првак на Мундијалот во Русија, секој репрезентативец кој ќе биде учесник ќе добие 350 илјади евра, соопшти денеска Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).
Премијата на Светското првенство во Бразил, кога Германија стана светски шампион беше по 300 илјади евра по репрезентативец.
Доколку успеат да се пласираат во финалето, Германците ќе заработат по 200 илјади евра, за третото место им следуваат по 150 илјади евра. Доклку се четврти ќе заработат по 125 илјади евра, а доколку испаднат во четвртфиналето ќе добијат по 75 илјади евра.
Германија има четири титули светски шампион.