Со санкциите објавени пред два дена, ФИФА им забрани на репрезентациите да ги носат капитенските ленти на One Love во боите на виножитото. Оваа лента не е дел од стандардизираната опрема пропишана од ФИФА и тоа може да се смета како прекршување на регулативата. Лентите One Love во боите на виножитото промовираат инклузивност кон ЛГБТК+ луѓето, а начелниот план беше капитените на голем број репрезентации на Светското првенство да ја носат лентата.
ФИФА потоа се закани дека ќе ги казни со жолти картони капитените на репрезентациите кои носат лента One Love пред почетокот на натпреварот, па федерациите на Англија, Германија, Белгија, САД, Данска, Франција, Холандија, Швајцарија и Велс се повлекоа од оваа приказна.
Manuel Neuer's boots playing in Qatar's World Cup pic.twitter.com/2YtDfoF9lA
— Alfons López Tena 🦇 (@alfonslopeztena) November 23, 2022
Сепак, снаодливите Германци најдоа начин да ги носат боите на виножитото во денешниот натпревар со Јапонија. Мануел Нојер, Нико Шлотенберг, Илкај Гундоган, Серж Гнабри и Томас Милер на денешниот натпревар против Јапонија настапија во прилагодени чизми кои имаа бои на виножитото. Ова не подлежи на казни од ФИФА, па Германците не мора да се грижат за продолжението на турнирот.