Селекторот на шкотската фудбалска репрезентација Гордан Грахан рече дека најголем проблем му претставува малата висина на неговите играчи што ги прави инфериорни во скок играта со противниците.
Шкотска одигра 2:2 вчеравечер со Словенија, а двата гола ги прими по прекин и нафрлени топки и пропушти можност со победа да игра бараж за пласман на Светското првенство.
– Не можам тука ништо да сторам. Не можам д анајдам 11 џинови и да ставам во тимот. Генетски сме уназадени. И во минатите квалификации бевме најниската слекција заедно со Шпанија. Можеби треба да ги спариме високите жени и мажи во цела Шкотска па да видиме што ќе добиеме, изјави Шкотскиот селектор.
Шкотска последен пат на Светско првенство учествуваше во Франција 1998 година.