Генералниот секретар на РИКО во посета на Македонија

Од:

Идните предизвици на Регионалната канцеларија за млади на Западен Балкан „РИКО“ беа тема на денешната средба во Скопје на директорот на Агенција за млади и спорт Марјан Спасески и Бојана Наумоска како македонски претставници во Управниот одбор на РИКО со генералниот секретар на РИКО, Ѓуро Блануша и претставникот на Германско – француското друштво, Франк Моравиец.

Како што соопшти Агенцијата за млади и спорт, еден од приоритетите кои што треба да се реализираат во наредните месеци е отворање на регионалната канцеларија во Тирана, но и отворање на локалните канцеларии во сите шест земји потписнички за да може операционално да се започне со работа. При тоа, се наведува, биле споделени искуства за досегашната работа која е направена од страна на сите земји и очекувањата за до крајот на оваа година.

– Исто така, беа дадени предлози за идни активности кои што треба да се реазлизираат се со цел да се зголеми визибилноста на РИКО и што е можно поголем број млади луѓе да бидат запознаени со целокупниот концепт на РИКО, а воедно да ги искористат и можностите кои што ќе бидат понудени од страна на РИКО, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска