Геце во Баерн за 37 милиони евра

Од:

Еден од најталентираните фудбалери во Германија, Марио Геце од следната сезона ќе го носи дресот Баерн. Потврдата на сензационалниот трансфер ја дадоа Баерн и сегашниот клуб, Борусија Дортмунд.

Дваесет годишниот фудбалер го напушта Дортмунд откако Баварците прифатиле да ја платат откупната клаузула во договорот со Борусија, а сумата изнесува 37 милиони евра.

“Баерн потврдува дека постигнал договор со Марио Геце од први јуни тој да биде наш играч. Трансферот се реализира откако ние прифативме да го платиме обештетувањето што стои во договорот”, се вели во соопштението што го објави Баерн.

Потврдата за трансферот стигна и од Борусија Дортмунд.

“Марио Геце и неговиот менаџер не информираа дека фудбалерот сака да си замине од клубот со тоа што ќе биде платено обештететување утврдено во договорот. Спортскиот директор Михаел Цорк, тренерот Јирген Клоп и сите во клубот му посакуваат на Геце успех во продолжението од кариерата”, се вели во текстот објавен на Фејсбук профилот на Борусија.

Заминувањето на Геце е голем удар за Борусија, клубот го напушта еден од најталентираните фудбалери во земјата, а тоа е дополнителен проблем ако се знае дека летово од Дортмунд ќе си оди и првиот стрелец, Роберт Левандовски.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска