Tренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, го предупреди својот добар пријател Андреа Пирло дека ќе се соочи со многу тешкотии откако вчера беше назначен за тренер на Јувентус, без никакво искуство.
„Пирло има среќа да ја започне својата кариера во Јуве, но во оваа професија не е доволно да си одличен одличен фудбалер. Мора да учите, да работите напорно и тешко да спиете. Има голема разлика помеѓу да се биде играч и да се биде тренер. Сосема е различно и тоа не се учи од учебниците. Тоа е сосема друг свет“, посочи Рино.
Пирло (41) го менува Маурицио Сари, кој беше отпуштен откако испадна од четвртфиналето во Лигата на шампионите.