Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо побара од своите избраници да не размислуваат за шампионскиот трофеј.
Наполи вчера ја победи Болоња со 1:0 и по седум кола се искачи на 3. место во поредокот во Серија А, со само два бода помалку од водечкиот Милан.
Не ми се допаѓаат разговори за Скудетото и сите тие кои сакаат да вршат психолошки притисок врз фудбалерите треба да ги избркаме од нашиот пат. Треба да сме смирени и фокусирани на секој наш следен предизвик. Имаме силен тим кој може да има проблеми, ако играме добро само за едно полувреме. Ова е тим на кој не смее да му се дозволи да се релаксира. Кога ќе добиеме опомена од ривалите, треба веднаш да реагираме, изјави Гатузо.
Член на Наполи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.