Досегашниот тренер на Лил, Руди Гарсија ќе биде назначен за нов преводник на калчолигашот Рома. На негово место во француската екипа доаѓа Рене Жирар, поранешниот тренер на Монпеље, јавуваат медиумите во Франција.
Според овие информации Гарсија и Рома ќе потпишат двегодишен договор, со можност за негово продолжување за плус една година.
Најголемиот успех на 49-годишниот француски стручњак во Лил беше во сезоната 2010/11 кога освои двојна круна во Франција, победувајќи во Лига 1 и во купот.