Гарсија: Посилни сме од Јувентус, скудетото е наше

Од:

Тренерот на Рома, Руди Гарсија денеска изјави дека неговиот тим е поквалитетен од шампионот Јувентус и дека сезонава Рома ќе ја освои титулата.

Рома во последното коло од Серија А пред паузата за репрезентативните настапи загуби од Јувентус со 3:2 во контроверзен натпревар одбележан со пенали, исклучувања и негодувања за судењето.

– Бев горд на моите играчи и покрај поразот на дербито. Тие покажаа карактер и ме натераа да сфатам дека сме посилни од Јувентус. Можам јасно да порачам, го освојуваме Скудетото, рече предводникот на Рома.

Римјаните вечерва од 18 часот го пречекуваат Киево во меч со кој ќе биде отворено 7. коло од Италијанското фудбалско првенство.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска