Тренерот на Лион, Руди Гарсија на прес-конференција го помеша својот клуб со тимот на Марсеј.
– Ако во нашата игра додадеме малку агресивност и голови, навивачите ќе го ценат тоа и ќе бидат за нас, затоа што тие сакаат офанзивен Марсеј. О, секако го сакаат Лион. Тие го сакаат Лион, изјави Гарсија.
Тој потпиша договор со францускиот прволигаш пред неполни две недели. Се обврза на соработка со Лион до јуни 2021 година.
Лион по 19 кола во Лига 1 има освоено само 10 бодови и се наоѓа во долниот дел на табелата.