„Гардијан“ најмногу шанси за трофејот на СП и дава на Германија

Од:

Угледниот британски весник „Гардијан“ најголеми шанси за освојување на Светското фудбалско првенство во Русија и дава на германската репрезентација, а најмали на Австралија.

Според Гардијан актуелните светски шампиони имаат најквалитетен состав, а селекторот Јоаким Лев има шанса да стане вториот кој освоил две последователни титули, по Виторио Поцо кој ја предводеше Италија до тронот во 1934 и 1938 година.

По Германија најдобри шанси Германија, „Гардијан“ на својата листа го смести Бразил, додека на третото место е Шпанија. Четврта е Франција, а петта Белгија.

Целосна листа на фаворити за победник на Мундијалот 2018 според Гардијан: 1.Германија 2.Бразил 3.Шпанија 4.Франција 5.Белгија 6.Португалија 7.Нигерија 8.Полска 9.Аргентина 10.Уругвај 11.Мекиско 12.Исланд 13.Хрватска 14.Англија 15.Сенегал 16.Шведска 17.Данска 18.Мароко 19.Србија 20.Колумбија 21.Египет 22.Швајцарија 23.Перу 24.Русија 25.Костарика 26.Иран 27.Јапонија 28.Тунис 29.Јужна Кореја 30.Панама 31.Саудиска Арабија 32.Австралија.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он